Општината Аеродром, по неколку безуспешни обиди да го сопре кревањето на возилата на граѓаните од пред зградите, онаму каде што паркираат повеќе од 20 години, упатува јавен апел до МВР.
-Општина Аеродром апелира до Министерството за внатрешни работи и до Сообраќајната полиција да не ги креваат возилата од улиците „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“), „Симеон Кавракиров“, „Васко Карангелевски“, булеварот „Февруарски поход“и другите околни улички. Имено, последниве неколку месеци МВР интензивно ги отстранува возилата на граѓаните од пред нивните згради, каде тие се паркираат 20 години наназад.
Општина Аеродром неколкупати досега се обрати до службите на МВР со барање да ја прекине акцијата за отстранување возила на жителите од пред нивните згради, но без ефект. Затоа сега и јавно го повикуваме Министерството да ја прекине оваа активност, со која преку високите казни директно го погодува џебот на граѓаните“ се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Парите се тука да се бројат: Пајак му го однел автомобилот, а кога дошол да ја плати казнат, сите биле шокирани!
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)