| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон со рекорд на патеката во Бахреин до пол-позицијата

Бројни се критиките за новиот квалификациски систем во Формула 1, но во него најдобро се снаоѓа Луис Хамилтон, кој повторно се избори за пол-позицијата. Откако стартуваше како првопласиран во Мелбурн, Британецот ќе биде на пол-позицијата и на утрешната трка за ГН на Бахреин, по одличните квалификации во кои актуелниот светски првак повторно оствари подобро време од својот тимски колега Нико Розберг. За задоволството да биде уште поголемо, Британецот го извозе најбрзиот круг за 1:29,493, што е најбрзо време во историјата на патеката во Бахреин.

Од второто место утрешната трка ќе ја стартува Нико Розберг, кој триумфираше пред две седмици во Мелбурн, а зад него ќе се најдат двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Топ 10 од овие квалификации ги комплетираат Рикардо со Ред Бул, Ботас и Маса во болидите на Вилијамс, Хулкенберг од Форс Индија, Грожан од Хас и Ферстапен од Торо Росо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top