| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми за Иџе во квалификациите, утрешната трка ќе ја стартува од деветтото место

idze-stefanovski-1

Игор Стефановски Иџе на потежок начин ја согледува големината на предизвикот што ја носи ЕТЦЦ шампионатот, откако македонскиот автомобилист се соочи со проблеми во квалификациите за утрешната прва трка од новата сезона.

Стефановски делуваше одлично на квалификациите, со оглед на фактот дека ова беше негово деби во овој шампионат и се наоѓаше на добар пат да стигне до четвртата позиција. Сепак, проблемите на левата страна од возилото кои настанаа поради мал судир со еден од возачите од послабите класи придонесоа Македонецот да не може да го доврши кругот во исто темпо и да се избори за уште подобро стартно место на утрешната трка.

Така, Иџе трката на патеката „Пол Рикар“ ќе ја стартува од деветтата позиција, а од пол-позицијата ќе стартува Рене Миних со Хонда цивик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top