| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат „пецкањата“ пред денешното „Ел класико“, Деко се обиде да го испорвоцира Роналдо

deko i ronaldo

Легендарниот португалски фудбалер, Деко вечерва на „Ноу Камп“ ќе го следи новото „Ел Класико’.

Барселона на својот стадион од 20:30 часот го пречекува Реал Мадрид, е препукувањата меѓу двата клуба почнаа уште многу претходно пред самиот натпревар.

Еден од оние кои со изјава се одлучија да го „раздрмаат“ таборот на „кралевите“ е Деко кој испраќа провокација кон поранешниот негов репрезентативен соиграч, Кристијано Роналдо.

– Не гледам кој напаѓач од Реал Мадрид би можел да игра во Барселона!? Нема таков. Кристијано Роналдо? Не, тој не би се снашол на „Ноу Камп“ – вели Деко пред големата пресметка.

Поранешниот фудбалер на каталонскиот тим се потсетува и на својата најдрага победа од 0-3 против Реал Мадрид на гостински терен. Од екипата на Реал, вели дека најмногу го цени Лука Модриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top