| четврток, 6 декември 2018 |

Кавани се враќа во Италија, Јувентус му нуди договор до 2019 година

edison kavani

По три години во Париз, Единсон Кавани повторно се враќа во Италија. Уругвајскиот центарфор, како што пренесуваат безмалку сите италијански медиуми, веќе ја договорил соработката со Јувентус од ова лето.

Челниците на италијанскиот шампион, успеале да го убедат поранешниот напаѓач на Палермо и на Наполи, од јуни да биде член на „Старата дама“. Понуден е договор на три години и плата во износ од 5,5 милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси во зависност од бројот на натпревари и освоените трофеи.

Кавани, како што се пренесува, веќе се согласил, меѓу другото, и поради фактот дека повеќе не се гледа себеси во Париз, синоќа признавајќи и дека е незадоволен на „Паркот на принцевите“.

Договорот меѓу Јувентус и менаџерот на Кавани, наводно, е склучен на 9. март во Лондон, во пресрет на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите во кое ПСЖ славеше против Челси. Сега, откако бил постигнат договорот, останува уште детализирање и потпишување на трансферот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top