| четврток, 6 декември 2018 |

Три дами за отворањето на 13. издание на Моден викенд Скопје

На истата локација по ревиите се одржа и забава под маски на која посетителите се забавуваа со хитовите од осумдесеттите години

Со ревиите на дизајнерките Росица Мршиќ, Олгица Ѓоргиева и Силвија Михајловска се отвори 13. издание на Моден викенд Скопје кој се одржува во салонот „Порше Македонија“ од 1 до 3 април. На истата локација по ревиите се одржа и забава под маски на која посетителите се забавуваа со хитовите од осумдесеттите години.

Сезоната пролет/лето 2016 година која се одвива под мотото „Да живеат осумдесеттите!“ ја отвори ревијатa на Росица Мршиќ со колекција инспирирана од женските ликови на Модилјани.

rosica mrsic1

rosica mrsic2

rosica mrsic3

Мршиќ го користи својот „карактеристичен вокабулар“ и во секое парче од колекцијата внесува силен индивидуален стил. Линиите се мазни и смирени во форма на синусоиди со кои таа ја завиткува женската фигура за да постигне женствена заобленост.

olgica gorgieva1

Дизајнерката Олгица Ѓоргиева ја претстави колекцијата за актуелната сезона наречена „Senses“, чиста, минималистичка линија разиграна од колоритни елементи прикажани на специфичен начин. Станува збор за секојдневни парчиња, свечени тоалети и венчаница а доминантни се црвената, белата, зелената и црната боја.

olgica gorgieva

olgica gorgieva2

olgica gorgieva3

За крај на првата модна вечер ја видовме Силвија Михајловска (модно ателје Алшар) со колекцијата „Sakura (In)Fusion“, надополнета со рачно изработен накит од Елена Ристовска. Михајловска која дизајнира долги години за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје.

alsar

alsar1

alsar2

alsar3

Во рамките на Моден викенд Скопје можат да се видат и „Fashion&Friends“ кои презентираат инсталација наречена „Fashion Herbarium“ во која впечатливите парчиња од тексас и модните додатоци се прикажани во форма на моден хербариум испреплетени со природни елементи – дрво, зеленило и цветови.

Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ изложи ексклузивен фустан изработен исклучиво од свежо цвеќе. Во текот на тридневното случување ќе биде изложен и накитот на „Farina’s handmade“.

Вечерва, на 2 април, ќе видиме групна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет на РМ кој годинава слави петнаесет години од своето постоење. За прв пат на настанот ќе се претстави дизајнерката Тијана Младеновиќ од Србија, која доаѓа преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација „БАФЕ“. Следуваат ревиите

на модната куќа „Линеа“ и брендот „Елези Париз“ а за крај на втората вечер ќе ја видиме колекцијата на Ирина Тошева.

Модната новинарка Снежана Јаначкоска Богдановска – Сани ќе ја презентира својата прва книга „Моите стории – мојот LIFE“ која наскоро ја очекува и голема официјална промоција.

Сезонава Пелистерка и Моден викенд – Скопје, се обединија за поддршка на Здружението за борба против рак „Борка“ – за секој нов ден, во остварување на следите заеднички цели: Поддршка за Алијансата на пациентски организации (АПО), прогласувањето на година за борба против ракот во Македонија, третманот на малигните заболувања да стане приоритет во здравствениот систем и подготовката на Национална стратегија за борба против малигни заболувања 2016 – 2020 година.

фото: Дими и Ани

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top