| четврток, 6 декември 2018 |

Пу пу неважи, квалификациите во Формула 1 ќе се возат по новиот систем

sebastijan fetel

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, јавно го изрази своето незадоволство од новиот систем на квалификации во Формула 1. И покрај фијаското и лавината критики за новиот квалификациски ситем на првата трка за ГН на Австралија, челните луѓе на Ф1 решија да го задржат овој систем и на следната трка за ГН на Бахреин. Оваа одлука ги разбесни луѓето во Ферари, а Фетел уште еднаш јавно го критикуваше новиот систем.

Претходно по завршувањето на првата трка за ГН на Австралија челниците на Ф1 на состанок со сите тимови одлучија да го вратат стариот ситем на квалификации за пол-позицијата. Сепак тоа нема да се случи на трката во Бахреин.

– Разочаран сум како и сите други. Требаше да се вратиме на стариот систем на квалификации. Ајде вака. Тоа е како да продавате сладолед од ванила. Но, секој што ќе ви дојде во слаткарницата сака сладолед од чоколада! Нормално и очекувано е следниот ден кога ќе дојдете на работа да продавате чоколада, а не ванила. Но, и покрај се, вие и понатаму продавате ванила…“ – вака Себастијан Фетел на фигуративен начин ја претстави ситуацијата со новиот квалификациски систем во Ф1.

На трката за ГН на Бахреин што ќе се одржи викендов, Фетел брка трета титула што ќе го направи возач со најмногу победи на оваа патека.

– Вообичаено е да го работиш тоа што го бараат твоите клиенти. Така што, не ја вршиш својата работа добро, ако работиш обратно од тоа. Токму така грешка прават со овој нов систем на квалификации – вели возачот на Ферари пред трката во Бахреин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top