Три илјади милионери си заминале од Грција во текот на минатата година, покажуваат податоците од меѓународно истражување, пренесено од грчкиот весник „Прото тема“.
Истражувањето именувано како „Миграција на милионерите во 2015 година“ е подготвено од организацијата „Њу Ворлд Велт“, која собира податоци за светското богатство. Тоа е спроведено врз основа на статистички податоци од секоја држава и годишни интервјуа со 800 милионери од целиот свет.
Според „Њу Ворлд Велт“, минатата година во Грција имало вкупно 55.000 милионери, а оваа година нивниот број е намален за пет отсто или 3.000. Како главни дестинации за миграција на грчките богаташи се наведуваат главно САД и Велика Британија. На прво место според светската листа на милионеримигранти е Франција, а причина за тоа е големата опасност од терористички напади. Земја која примила најмногу странски милионери е Австралија, дури 8.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција