Првиот човек на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов, за кого медиумите последниов период пишуваа дека е маша во рацете на СДСM и параван зад кого стојат милиони, повторно креира алиби во корист на СДСМ, пишува порталот Журнал
Алексов, кој до минатите избори немаше никакви посериозни забелешки, сега одлучи да одработи за милионските суми на СДСМ и СОРОС, кои се негови главни финансиери. Имено, Алексов на денешната прес-конференција изјави дека МОСТ предлага измени на четири закони со цел, како што рече, да се скрателе роковите и да се овозможело брзо прочистување на Избирачкиот список со цел да се овозможат кредибилни избори, бидејќи смета постојните законски решенија тоа не го овозможуваат.
– Доколку изборите се одржат без да биде објавен Избирачкиот список во формата пропишана со Изборниот законик и во која првично беше објавен, граѓаните воопшто нема да имаат доверба, ниту во Избирачкиот список, ниту пак во изборниот процес, рече Алексов.
Зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари, или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС. Првиот човек на МОСТ е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет.
Институциите на државата треба детално да ги прочешлаат милионите кои ги врти оваа организација како и личниот имот на Алексов.
Она што има да се види во деловодните книги на МОСТ се 4 милиони евра свртени за неколку години, но и имот својствен за некој блискоисточен олигарх во подем, две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов. За потсетување Дарко Алексов, заедно со уште тројца други се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од 1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари.
МОСТ на Алексов влегува во мрежата на организации кои соработуваат и имаат партнерски однос со Институтот Отворено Општество на Владе Милчин, односно СОРОС Македонија која пак е главен финансиер на медиумите, граѓанските асоцијации подржувачи и лобисти на политиките на СДСМ, пишува Журнал.
Тоа може да се забележи и од Платформата за наводна борба против Корупција која е финансирана од СОРОС Македонија, каде освен оваа организација, членки се сите чадор организации на Институт Отворено Општество на Владе Милчин, а меѓу нив е и токму МОСТ на Дарко Алексов. Така да на оваа квази платформа се приклучиле освен МОСТ, и Метаморфозис која е ќерка организација на СОРОС Македонија, Транспарентност Македонија чиј долгогодишен прв човек е Сашо Ордановски, кој е отворен косовски лобист, Транспаренси Интернешнл на Слаѓана Тасева и останати организации, стои во текстот на порталот.
Ова е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат, и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.