| четврток, 6 декември 2018 |

МОСТ на Алексов е маша во рацете на СДСМ, параван зад кој стојат милион?!

most

4 милиони евра инкасирала невладината МОСТ за само 4 години, од кој за последната фискална година дури 1.3 милиони евра, објави порталот „Журнал.нет’“. Кој е резултатот од оваа работа и зошто милиони се вртат на сметката на невладината мост. Нејзиниот прв човек Дарко Алексов најжестоко ги брани ставовите на СДСМ и Зоран Заев, тој ја одработува агендата за одлагање на изборите што е и цел на самата СДСМ.

Алексов на 24 јули 2015 година, веднаш по Пржинскиот договор во интервју за Фактор, јасно се изјасни дека изборите на 24 април може да се организираат и тие да бидат фер и демократски.

– Договорот од 2-ри јуни, заедно со сите негови подоцнежни амандмани, предвидува повеќе мерки кои би требало да обезбедат услови за фер натпревар помеѓу партиите и кандидатите на следните избори. …нема причина зошто до изборите во април 2016 не би се обезбедиле услови за фер и слободни избори„ изјавува Алексов.

Само неколку месеци подоцна по ставот на Заев дека треба да се помести датумот на изборите односно тие да се одложат, Алексов комплетно го менува ставот дека избори може да се одржат на 24 април и комплетно со идентичен став како и Заев.

– Во овој момент имаме минус 40 дена, дали ќе имало време, доколку не се пробиле роковите, може да шпекулираме. Да додадеме дека од денот на утврдување на методологија до денот на ставање на јавен увид на Избирачкиот список има 85 дена. А, сега нема да имаме ниту 35 дена, рече Алексов и потсети дека роковите беа политички поставени, но и дека самите партии кои преговараа ги пробија и своите рокови, што дополнително се одрази на изборното законодавство, рече Алексов.

Журнал пишува дека со ова се открива дека МОСТ делува како продолжена рака на СДСМ и Зоран Заев. Машата МОСТ во рацете на СДСМ е само една од алатките за одлагање на изборите, а во позадина се крие одработување за пари. Сосема невoбичаено е една просечна невладина да врти милиони на својата сметки, особено ако се знае дека тие се најчесто активни само пред избори.

Дека МОСТ, исто како и СОРОС Македонија е екстра профитабилна организација покажува и имотната состојба на нејзиниот прв човек Алексов.

-Тој располага со супер елитен имот во луксузната скопска населба Бардовци во комплексот елитни згради меѓу народот познат како „зградите на МОСТ„. Фамилијата Алексови располага со имот од над 400 м2. Пазарната вредност се мери во стотици илјади евра, а дел од овој огромен имот е токму и на првиот човек на МОСТ Дарко Алексов. Зданијата во народот познати како зградите на МОСТ во Бардовци се изградени во 2009-та година, и припаѓаат на Алексови, а Дарко Алексов во 2012-та година впишува 130 м2 на свое име, а останато фигурира на имиња од фамилијата Алексови. Очигледно МОСТ нуди екстра заработувачка па нејзиниот прв човек од обична невладина доаѓа до имот вреден илјадници евра, пишува Журнал.

Изборите се време кога тој треба да ја покаже својата лојалност и да одработи за СДСМ. Тоа не го криеа ниту членовите на СДСМ кој јавно кажуваат дека сите набљудувачи на МОСТ се и членови на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top