| четврток, 6 декември 2018 |

33 милиони евра заштедија граѓаните со поевтинувањето на лековите

гру

-Новото намалување на цените на 165 лека ќе значи дополнителна заштеда за граѓаните, а со досега намалените цени на вкупно 4.900 лека вкупната заштеда на граѓаните е 33 милиони евра- оцени денеска лидерот на ВМРО­ ДПМНЕ Никола Груевски.

гру2

-­ Во последните осум намалувања на цените на лековите се направи заштеда од 33 милиони евра за граѓаните. Тие пари наместо да отидат во џебовите на одредени фармацевтски олигарси, останаа во џебовите на граѓаните. Наместо да ги потрошат за лекови, граѓаните ги заштедија. Тоа е главниот бенефит. Ќе продолжиме и понатаму со истражување на пазарот и можностите за намалување на цените на лековите- изјави лидерот на ВМРО ­ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на новите простории на Државниот архив и МВР во Куманово, сместени во реновираниот објект на поранешниот Дом на АРМ.

гру3

Потенцира дека во минатото се тврдеше оти намалувањето на цените на лековите ќе придонесе за снемување лекови на пазарот и оти ќе стане неисплатливо за фармацевтските компании да се продаваат лекови по таа цена. ­ Тоа се покажа како тотално неточно.

-Сега имаме деветто намалување на цените на лековите во кое има намалување за дури 40 до 50 отсто. Очигледно дека во минатото кога немаше регулација во овој сектор профитите на фармацевтските компании беа енормни на грбот на болните и на граѓаните- рече Груевски.

Нагласи дека речиси нема држава во Европа каде продажбата на лековите не била регулирана како што беше во Македонија. ­

-Во тоа време некому му одговарало цените на лековите да не бидат регулирани за да може одредени фармацевтски куќи да прават огромни заработки. Имајќи во обѕир дека властите во тоа време не реагирале, сосема е јасно дека имале некаков интерес од тоа што се држеле високи цени на лековите што паѓале на грбот на граѓаните- потенцира Груевски.

Порача дека Министерството за здравство и понатаму ќе работи на можни натамошни намалувања на цените на лековите при што внимава да не се загрози работењето на фармацевтските куќи во смисла на нивно носење во загуби, но пред се внимава на граѓаните да не плаќаат лекови со цени во кои се вградени огромни профити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top