Генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дека „до срж е шокиран“ од последните извештаи.
Американската група AIDS-Free World до ОН доставила извештај во кој се наведува дека четири девојчиња биле одведени во француски воен камп каде биле врзувани и приморувани на однос со куче.
Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, изјави дека тим истражители што ОН го испратила во областа Кемо интервјуирале 108 наводни жртви на сексуално малтретирање, поголем дел малолетнички, што се случувало од 2013 година до сега.
Од вкупно 69 пријави за сексуално малтретирање, од Централноафриканската Република се 22.
Дижарик вели дека не може да ги потврдат наводите на извештајот од групата AIDS-Free World за злоупотребување девојчиња во што бил вмешан и командантот на француските сили во 2014 година, но дека случајот се истражува.
Во тој извештај се наведува дека на секое девојче му се дадени 5.000 централноафрикански франци или околу 9 долари, а едно од девојчињата подоцна починало од непозната болест.
Амбасадорот на Франција при ОН, Франсоа Делатр, вели дека наводите се „болни и одвратни“, и вети дисциплинска постапка за одговорните ако наводите се покажат точни.
Бан Ки Мун вели дека е шокиран од тврдењата и дека ОН обрнуваат внимание на тие извртени и вознемирувачки наводи. Смета дека ОН мора да се усогласат со земјите членки кои единствено имаат моќ да ги дисциплинираат своите сили, а тоа е суштинско значење за враќање на довербата во мировните сили.
За злосторствата обвинети се Бурунди, Габон и Франција, а нивните влади се известени и треба да преземат мерки да ги сопрат своите војници да не прават такви дела, смета високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Ред ел Хусеин.
Мировниците од ОН во Централноафриканската Република и во Конго со месеци се под будното око на јавноста поради наводно сексуално малтретирање на децата. ОН имаат повеќе од 100.000 мировници распоредено во 16 мисии во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.