| четврток, 6 декември 2018 |

Јасно е за кого ќе навива Стеф Кари во саботното „Ел класико“

mesi i kari

Најдобриот кошаркар на светот во моментов, Стеф Кари, откри дека одредени детали од играта на Голден стејт вориорс се превземени од играта на фудбалскиот клуб Барселона. Кари е голем фан на каталонскиот гигант, особено на Лео Меси, па затоа и не се сомнева дека Барса во големото дерби в сабота ќе го декласира Реал Мадрид.

– Барселона ќе го „убие“ Реал Мадрид, исто како и на последниот натпревар. Не се сомневам дека Барса ќе го добие овој натпревар. Тренерот Кер ни покажа филм од фудбалски великани, особено од Меси и Барселона, објаснувајќи ни го нивниот стил на игра. Начинот на кој пристапуваат на секој натпревар, начинот на кој со леснотија даваат голови, извлековме многу сличности во стиловите на игра, движењето на топката и вклувањето на сите играчи во акциите – открива Кари.

Тој не ја крие приврзаноста кон каталонскиот гигант, па неодамна му испрати свој дрес на Лео Меси, за што за возврат ја доби „десетката“ на Аргентинецот, со потпис од најдобриот фудбалер на денешницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top