В сабота во Музејот наГрад Скопје со почеток во 20 часот ќе биде одржан Камерен концерт (2:3) во рамките на манифестцијата „Денови на македонска музика“.
На програмата ќе бидат изведени дела за камерни дуа и трија од македонски композитори од различни генерации – Благој Цанев, Тодор Трајчевски, Драган Стојковски, Гоце Симоновски и Љубомир Бранѓолица, од кои поголемиот дел се премиери и добитници на награди на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура на Македонија.
Ќе настапат виолинското дуо Симон Поповски и Александар Иванов, Mарија Јакимовска – флејта и Сара Николовска-Пројковска – пијано; Љупчо Чедомирски – кларинет и Марија Вршкова – пијано; Нинослав Димов – саксофон и Емилија Попивода – пијано, како и Дувачкото трио на Македонската опера и балет во состав: Татијана Петрушевска на обоа, Игор Бакревски на кларинет и Марјан Милошевски на фагот.
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.