| четврток, 6 декември 2018 |

Градскиот дувачки оркестар в сабота ќе одржи парадно дефиле низ Скопје

На 2 април 2016 година (сабота) со почеток во 11:30 часот, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.

Градскиот дувачки оркестар ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до Плоштадот Македонија. Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени композиции таканаречени чекорници, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.

На оваа саботна музичка променада, ќе биде изведена следната програма:

– Младинска чекорница

– Вардаре македонски

– Патриотска чекорница

– Дикси парада

– Вашингтон пост марш

– 3-та македонска бригада

– Огномет на слободата

– Во спомен на Ваташа

– Работнички

– За сите деца

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top