Светски познатата и призната британска архитектка која го дизајнираше и лондонскиот олипмиски стадион почина денеска на 65 годишна возраст од срцев удар. Британската дезајнерка која беше родена во Ирак, добила инфаркт во болницата во Мајами додека се лекувала од бронхитис.
Зградите дизајнирани од Хадид ги има насекаде во светот, а таа беше првата жена која беше наградена со златен медал од Кралскиот институт за архитектура.
Надид роден во 1950 година во Багдад стана револуционерна сила во британската архитектура иако многу години се бореше за нејзините дела да добијат признание во Велика Британија. Студираше математика на Американскиот универзитет во Бејрут пред да почне со кариерата во архитектурата во Лондон во здружението на архитекти.
До 1979 година таа беќе беше етаблирана во круговите во Лондон и имаше своја компанија, Zaha Hadid Architects, која имаше одлична репутација во цел свет.
Прво големо дело со кое ќе се здобие со меѓународно признание беше зградата на пожарната во Веил на Рајна, Германија (Vitra Fire Station in Weil Am Rhein, Germany), во 1993 година. Нејзината шема за изградба на Кардиф операта била прекината во 1990 година и потоа немаше изградено ниту една поголема зграда во Британија се до изградбата на музејот во Глазгов кој беше завршен во 2011 година.
Други нејзини позначајни проекти се: Италијанскиот национален музеј на 21 век во Рим, Олимпискиот стадион во Лондон и Кедир Алиев центарот во Баку.
Изградбата на Розентал центарот на современа уметност во Синсинати и Гуанзоу операта во Кина исто така се високо рангирани на скалилата на современата архитектура, како идеи кои ја трансформираат иднината.
Таа беше првата жена која беше наградена со наградата за архитектура „Pritzker“ во 2004 година, два пати ја доби британската најпрестижна награда за архитектура „RIBA Stirling Prize“, во Франција ја доби наградата „Commandeur de l’Ordre des Arts et des Lettres“, и во Јапонија „Praemium Imperiale“.
неодамна беше наградена со признанието „RIBA“ за 2016 година со златен медал и со тоа стана првата жена која го добила ова престижно признание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.