Модната индустрија со години користеше млади жени и мажи за рекламирање на своите производи. Но, сега најголемите ѕвезди на 20 век се во центар на вниманието и тие ја работат новата кампања за „Сен Лорен“.
Оваа модна куќа неодамна објави дека Џејн Биркин е заштитно лице на новата кампања. Француската манекенка и актерка е фотографирана во Париз, а позирала во смокинг на оваа модна куќа.
Во кампањата учестуваат жени од 69 и повеќе години. Во почетокот на 2015 година тие ја ангажираа Џоан Дидион и Џони Мичел за пролетната кампњања. Дидион е американска писателка и новинарка, која има 81 година, а Мичел е легендарната пејачка, која е стара 72 години.
„Лореал“ во 2015 година објави дека популарната манекенка од 60-те години на минатиот век Твиги е нивно ново лице во кампањата за производи за коса. Твиги има 66 години.
Марката „алексис битар“ во пролетната кампања 2015 година ја користеше 93-годишната Ирис Апфел како модна икона за своите производи.
Во август 2014 година марката „НАРС“ ја ангажираше 69-годишната Шарлот Ремплинг за рекламирање на новиот кармин за усни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Ќе заминат ли во пензија манекенките од модните писти? Се појавија виртуелни модели
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Дали налепниците за возилата ќе бидат дополнителен трошок за граѓаните?