-Заклучно со денеска, преку проектот „Македонија вработува“ се отворени над 16.000 работни места – изјави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешното отворање на Центарот за ран детски развој во селото Обршани, општина Кривогаштани.
Според Спасов, проектот донесе големи резултати за една година, а завршува на 15 април.
-Ако вчера бројката беше 15.900, денеска веќе е надмината и изнесува 16.000 нови работни места. Ова е показател за успешноста на овој голем проект на Владата. Овој проект дава резултати и во помалите и во поголемите општини. Во Прилеп се отворени над 800, во Ресен 120, а во Битола повеќе од 660 работни места што значи, само во овие три општини во пелагонискиот регион се отворени нови околу 1.600 работни места – објасни Спасов.
Заменик министерот за труд и социјална политика апелира приватните компании во државава да го искористат проектот кој, како што рече, дава многу поволности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.