Продолжуваат серијата кражби во православните древни храмови. Непознати крадци, буквално, го испразниле најубавиот храм во мијачкиот крај, црквата „Свети Георгиј“ во селото Лазарополе, кој е прочуен по својот редок и вреден иконостас, но и по доста богатата галерија на стари икони кои датираат од 16 до 18 век.
Црквата, која со години ги плени и поклониците и туристите восхитувајќи ги со својот прекрасен и уникатен лик, била цел на група крадци кои успеале да однесат речиси сè што било вредно во храмот – дел од престолните икони и другите ретки икони од 16, 18 и 19 век, цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба.

Вандалите зад себе оставиле пустош. Влезната врата била буквално распарчена, а иконите искорнати од ѕидовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


