| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Ричи Хejвенс, иконата на „Вудсток“ (видео)

Тој го отвори „Вудсток“ со својата верзија на духовната песна „Слобода“ (Freedom), која потоа стана химна на хипи-генерацијата, а тој стана икона на тоа време

Ричи Хејвенс, американскиот фолк-музичар што го отвори легендарниот фестивал „Вудсток“ во 1969 година, почина од срцев удр во 72. година од животот во својот дом во Џерси Сити, во Њу Џерси.

havens-richie

Хејвенс беше музичар кој беше познат по својот исклучителен стил на свирење гитара и пеење. Тој го отвори „Вудсток“ со својата верзија на духовната песна „Слобода“ (Freedom), која потоа стана химна на хипи-генерацијата, а тој стана икона на тоа време.

Сеќавајќи се за тие времиња, тој изјави дека сѐ што е убаво во неговиот живот, е поврзано со тој период. Хејвенс во својата кариера сними најмалку 25 албуми, а во 1993 година настапи и на инаугурцијата на тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Освен по музиката, оние што го познаваа Хејвенс, го паметат и по неговата нежна и чувствителна природа, хуморот и силната посебност. Тој имаше единствен стил на пеење. Со музика почнал да се занимва во 20-тата година, а „Вудсток“ беше негова пресвртница во кариерата, настапувајќи на исто место со Џими Хендрикс и со Џенис Џоплин. Така, тој брзо го најде своето место меѓу ѕвездите.

На фестивалот во 1969 година настапил прв бидејќи останатите музичари доцнеле. Неговиот настап траел дури три часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top