Раководството на Барселона подготвува вистинска бомба за своите навивачи, со идејата за враќање во своите редови на еден од најдобрите шпански и европски кошаркари во историјата, По Гасол.
Угледниот „Ел Мундо Депортиво“ наведува дека по 15 години откако замина од клубот, Гасол сега веќе и порачал на управата на клубот дека е можеби дојдено време да го исполни ветувањето дека еден ден ќе се врати во каталонските редови. Договорот со Чикаго му истекува во јуни 2017 година, но 35-годишниот кошаркар е подготвен ова лето да се врати во Барселона.
– Ќе видиме што ќе се случи, има опција да го напуштам Чикаго ова лето. Сега не ме интересираат парите, но сакам да се вратам таму каде што ме ценат. А, се знае каде ме ценат најмногу – напиша неодамна Гасол во своја колумна.
Не е тајна дека Гасол е во одлични односи со челниците на Барса. За овој клуб играше од 1998 до 2001 година, освојувајќи две шампионски титули во Шпанија и еден Куп на кралот, пред да замине во Мемфис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)