| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска комедијата „Орелот Еди“ инспирирана од вистинска приказна во нашите кина

Хју Џекмен и Тарон Еџертон играат во комедијата „Орелот Еди“ на режисерот Декстер Флечер, која во нашите кина пристигнува на 31 март..

Филмот е инспириран според вистинита приказна за Мајкл Еди Едвардс (Еџертон) нетипичниот но храбар ски скокач кој никогаш не престанал да верува во себе и покрај тоа што целата нација се откажала. Со помош на харизматичниот и бунтовниот тренер кој го глуми Џекмен, Еди успева да стане национален херој кој ја претставувал Велика Британија на Олимписките игри во Калгари во 1988 година.

Постојат бројни причини заради кои „Орелот Еди“ го заслужува вашето внимание, а ние ќе ви дадеме само неколку:

· Мајкл Едвардс или Орелот Еди, ги изненадил сите со негоvото преставувањe на Велика Британија на Олимписките скокови во 1988 година на Олимписките игри во Калгари. Иако отпрвин се обидел да стане дел од скијачкиот тим, следејќи го својот олимписки сон сфатил дека повозможни му се шансите да стане ски-скокач и со тоа да учествува на Олимпијадата. Бил последен на сите листи но станал омилен натпреварувач. Јавноста го согледувала како аутсајдер, му недостасувала вештина, но и сретства за да стане олимписки спортист, но тоа не го спречило во намерата да го оствари својот сон. Неговите лоши резултати ќе го направат се` попопуларен, колку полошо скокал и постигнувал послаби резултат толку побаран станувал.

· Еди имал многубројни прекари, од господин Несмасен, Инспектор Клузо на скии, Јети па се` до Нестабилниот Еди. Меѓутоа, на завршната церемонија на Зимските олимписки игри, претседателот на организациониот одбор, Френк Кинг, изјавил: „Во овие игри, некои натпреварувачи освоија злато, некои соборија рекорди, а некои полетале како орли“, отворено алудирајќи на еди, кој до тогаш веќе бил познат како Орелот Еди.

· За почетокот на продукцијата на овој филм биле потребни 15 години. Режисерот Декстер вели дека сценирото е сработено за отприлика истото време. „Во времето кога продуцентот ме дондесе мене, се` беше сосема формирано: Ја знаев приказната за Еди ушто од порано, доволно сум возрасен за да се сетам кога се случи сето тоа“.

· Една од најтешките работи врзани за снимањето на овој филм беше тоа што не постоеа каскадери, зашто ски-скокањето е исклучително опасен спорт. „Тој состави тим од малу луди, германски мочиња, кои скокаа со часови, а потоа се врати и ни донесе 90 часа долги снимки од ски-скокови“.

Комедијата за добро расположение за губитникот кој ќе стане херој „Орелот Еди“, погледнете ја во кинoто Cineplexx од 31 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top