| четврток, 6 декември 2018 |

Шамар за Катица Јанева од Советот на обвинители: Одлучиле дека ниту еден предмет веќе нема да дадат на СЈО

Советот на јавни обвинители денеска и одржа лекција по право на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.  Советот нема да и ги предаде предметите „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“ на Јанева, која денеска се појави на седницата . Со 7 гласа, Советот на обвинители одлучил дека ниту еден предмет веќе нема да даде на Специјалното јавно обвинителство, а дека за сите предмети ќе бидат надлежни само Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и Основното јавно обвинителство Скопје. Советот на обвинители и испратил официјално pисмо со барање да образложи од каде ја црпи надлежноста.

– Од Јанева баравме да се произнесе и врз што ја темели својата надлежност во сите предмети кои се побарани од нејзина страна од Основното јавно обвинителство Скопје и од Обвинителството за гонење на организиран криминал и од Вишото јавно обвинителство Скопје. На седницата ќе требаше да даде релевантни податоци од каде го црпи своето воспоставување на стварна надлежност над предметите и да објасни дека овие предмети се поврзани и произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, рече Петар Аневски, претседателот на Советот на обвинители.

Тој изјави дека никој не и оспорува на Јанева да отвори нови истраги, но, подвлече, СЈО е надлежно само за предмети согласно Законот  за Јавно обивнителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  од 2008 до 15.јуни 2015 година.

– За тоа беше и повикана. Многу непријатно бевме изненадени кога дојде и кажа дека нема да соработува со Советот и да одговори на ниту едно наше прашање. Откако таа си замина одлучивме со 7 гласа за, одлучено е дека за постапување и во иднина ќе бидат надлежни Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје. Значи, сите предмети кои што се кај нас, ќе бидат вратени во овие обвинителства, рече Аневски.

Аневски информира дека Јанева го известила Советот дека нема да доаѓа на седници и со тоа, како што оцени, покажала непочитување на Советот за јавни обвинители пред кого има обврска да одговара. Тој кажа дека никој нема да ја спречува Јанева да си формира предмети, да продолжи постапки, да активира запрени постапки.

– А не вака готови предмети, за кои не e надлежна, а сега јас да постапувам, очигледно дека е ненадлежна за овие предмети и со тоа ги пречекорува законските овластувања кои ги има, рече Аневски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top