| четврток, 6 декември 2018 |

Некои бои за тетовирање предизвикуваат рак

Повеќе истражувања ги имаат утврдено штетните последици од тетовирањето по здравјето на луѓето, кои обично произлегуваат од употреба на несоодветни бои за тетовирање.
3dtetovaze1

Некои бои за тетовирање содржат опасни токсични материи кои предизвикуваат рак. До ова шокантно откритие дошла една група експерти од Англија од Агенцијата за јавно здравје. Тие во нивното најново истражување откриваат дека опасните токсични наночестички од бојата за тетоважа преку крвта доспеваат во бубрезите и слезенката и таму се таложат. Со тоа се намалува способноста на организмот да ги филтрира токсините.

Опасноста на црвената и сината боја
Новото истражување се поклопува со претходните студии на научниците од САД и Данска, кои во бојата за тетовирање пронашле канцерогени хемикалии, вклучувајќи и кобалт и жива. Според извештајот, уврдено е дека црвените нијанси содржат жива, а зелените и сините содржат кобалт.

Поради опасноста по здравјето, истражувачите побарале од надлежните институции во Англија да се позанимаваат со овој проблем и да ја регулираат употребата на користење на овие бои.

Најдобри 3Д тетоважи - 23

Опасноста на црната боја
Студијата на д-р Џорџина Серупа од Копенхаген покажала дека има канцерогени материи во 13 од 21 бои кои вообичаено се користат за тетовирање во Европа. Според американските истражувања, црната боја за тетовирање се произведува со помош на бензопирен, за кој во експериментите направени врз животни се покажало дека предизвикува рак на кожата.

Неверојатни-3Д-тетоважи-5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top