Соработниците на Верушевски предложиле опремата да биде уништена бидејќи била неупотреблива уште во 2013 година. Целиот случај е инициран од осудениот за „Пуч“ Ѕвонко Костовски, кој во 2013 година ја иницирал целата постапка.
Како што дознава „Прес 24“, на 20.12.2013 година испратил допис во кој вели:
„Во поглед на следење на комуникациите од областа на фиксната телефонија, поради промена во мрежата за фиксна телефонија кај Македонски Телеком со воведување VoIP технологија, се јавува суштинска разлика во однос на комутацијата на говорот, а со тоа суштински е изменет начинот на пристап до опремата на Македонски Телеком. Ваквиот начин на пристап во моментот не е поддржан од постојниот технички систем, па од тие причини повеќе не постои можност за следење на комуникациите кај фиксната телефонија. Со постојниот систем воопшто не се опфатени другите телекомуникациски оператори кои нудат услуги од областа на фиксната телефонија“.
На овој начин Ѕвонко Костовски известил дека старата опрема уште во 2013 била веќе неупотреблива и било неопходно да биде набавено нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.