| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден возач и десетгодишно девојче откако возилото излетало од патот

Вчера во 16.00 часот на автопатот Тетово-Скопје се случила сообраќајна незгода во која возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А. (36) од с.Палатица, излетало надвор од коловозот.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на Х.А., како и сопатникот, десетгодишно девојче. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничка болница-Тетово, од каде по укажаната лекарска помош, биле пренесени во Ургентен центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top