| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејниот 15. „Синедејс“ се отвора со филмот на Вуди Ален „Високо друштво“

Јубилејното, 15. издание на „Синедејс“ – фестивал на европски филм ќе се отвори со последниот филм на Вуди Ален „Високо друштво“ (Cafe society), соопшти организаторот, Младинскиот културен центар (МКЦ).

„Високо друштво“ ја има честа, меѓу другото, да го отвори и престојното 69. издание на Канскиот филмски фестивал.

Филмот раскажува приказна за еден млад човек што пристигнува во Холивуд во раните триесетти години, надевајќи се дека ќе работи во филмската индустрија, се вљубува, и се наоѓа себеси во еден вибрантен свет кој го одбележува духот на раниот 20 век во Америка.

68c62d26-089f-4e32-8ffa-46ea14d59265

Главни актери во филмот се две надоаѓачки холивудски ѕвезди – Кристин Стујарт и Џеси Ајзенберг, кои во филмот се рамо до рамо со веќе етаблираните холивудски актери како Блејк Лајвли, Паркер Пози и Стив Карел.

– Покрај „Високо друштво“ најавуваме и жешка програма со сите големи имиња од авторскиот филм, чиишто дела ќе излезат во текот на оваа 2016 година – велат од МКД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top