| четврток, 6 декември 2018 |

Држава во која бракот е реткост, а две третини од децата се родени вонбрачно

Сѐ поголем е бројот на невенчани мајки низ светот. Пример, во САД 40 отсто од децата се родени вонбрачно, а тоа ги става некаде во средината на листата на земји низ светот со најмногу невенчани мајки.

Од друга страна, во Турција има само три отсто вакви жени.

На врвот на листата, пак, е Исланд. Овде дури 67 проценти од децата се родени во неозаконета заедница, односно вонбрачно. Иако за конзервативните земји како Турција, тоа е нечуено и срамно, Исланѓани се горди на овој податок.

Со околу 320 илјади граѓани, Исланд е два-трипати поненаселен од Скопје, но изобилува со гејзери, со глечери и со чиста вода и тоа многу повеќе од земјите кои се и до десетпати поголеми од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top