Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови претежно облачно. Во вечерните часови облачноста ќе се намалува.
Утре се очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 6 степени, а максималната од 17 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје утре се очекува мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а дневната до 21 Целзиусов степен.
Во наредните денови следува период на стабилно, суво и на топло време. Утринската температура насекаде ќе бидат позитивна, а дневната на повеќе места ќе надминува 20 Целзиусови степени. Се очекува најтопло да биде во петок и во сабота, кога максималната температура ќе се движи од 20 до 26 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.