| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца: Ви благодарам што не ме напуштивте кога ми го грабнаа него, кога ме тргнаа од вас

ceca

Светлана Ражнатовиќ ја отвори душата и директно им се обрати на сите обожаватели во колумна за магазинот „Информер“. Цеца во текстот пишува за покојниот сопруг, децата, жолтиот печат и за сè што длабоко ја вознемирува.

Сакам уште во почеток да не се лажеме. Јас не сум новинар, писател… Не умеам да пишувам така што ќе ве оставам без здив, да кренам прашина, па да се зборува за колумнава со денови. Јас умеам да пеам, да ви го дадам срцето на дланка, да ве пленам со моите емоции. Со години растам со вас, покрај вас созреав, со вас дишам секој ден, живеам. Бев на врвот, ме фрлија на дното, а вие одново и одново ми помагавте да се кренам во небесата. Бев мајка на нацијата и вдовица на воен злосторник… Ме редеа со злато и ме распнуваа на крст. На крајот, сето тоа поминува, ми останувате само вие, мојата публика, мојот ветер во грб. Ви благодарам што бевте тука кога беше најубаво: кога го засакав, кога станав мајка, кога ги полнев салите…

arkan

Ви благодарам што не ме напуштивте кога беше најтешко: кога ми го грабнаа него, кога ме тргнаа мене од вас, кога фрлаа камења по мене, кога удрија по моите деца… Вие не баравте објаснување, на вас не ви требаше крв, ви беше доволно само да пеам… Низ песните, јас ви кажував сè. Знаевте кога плачам, кога сум среќна, дали сум сакана и дали сакам… Не беше потребно за тоа да читате. Знаете секогаш да процените кој зборува невистини за мене, а кој со право ме критикува. На вас не ви беше потребно другите да ви кажуваат дали сум среќна или тагувам.

ce

Разбравте дека моите деца се исти како и сите други тинејџери, дури и тогаш кога ги нарекуваа дрски и разгалени. Вие мене ме сакате и кога не знаете со кого спијам, дали имам ново момче или засекогаш ќе сотанам сама. Не верувате во многубројните афери поврзани со моето име, вие секогаш верувавте во мене. Дури и тогаш кога молчев. Вие ми го дадовте правото да сакам дури и кога сите мислеа дека немам право на тоа. Вие ме инспирирате да сакам, секој ден, секој момент и некого и секого…“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top