| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Проектот за самовработување даде одлични резултати и продолжува

гру

Проектот за самовраборување даде одлични резултати и истиот ќе продолжи, објави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Околу 7.800 лица до сега добија неповратни грантови за самовработување кои ги искористија успешно. Грантовите од 3 односно од 4 илјади евра за ќе продолжат, а само оваа година ќе бидат инвестирани 3 милиони евра.

-Годинава некаде во јануари се поделија нови 500 грантови и во наредниот период, април-мај ќе има оглас за дополнителни над 420 гранотви, така што безмалку 1000 гранотви ќе бидат распределени оваа година. Тоа се 1.000 семејства, 1.000 вработувања или околу 3 милиони евра инвестирање директно во нови работни места, односно создавање на услови за самовработување- рече Груевски.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го започна овој проект, до сега има огромен успех и понатаму засилено ќе продолжи со поддршка на луѓето кои што имаат идеи и проекти за тоа како да создадат мал бизнис и да се самовработат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top