| четврток, 6 декември 2018 |

Трпески: Рокот истекува, поднесете барање за легализација на објектот

Slavce trpevski kataster 02 (Custom)

Рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградените објекти истекува на 31.03.2016 година. Рокот беше продолжен за да се остави простор за голем број од граѓаните кои пропуштиле да понесат барање, навремено да се нарачаат и изготват геодетските елаборати како и да се откочат голем број на постапки кои поради нерешени имотно- правни работи не можеше да се решат предметите за легализација на дивоградбите.

katastar

Праксата покажа дека има граѓани кои имаат стара градежно техничка документација (локациски услови, одобрение, за градба, проект, употреба дозвола), но истите не ја доставиле за упис во катастарот и немаат имотен лист за објектот. Ги повикуваме и овие граѓани да поднесат барање за легализација на објектот доколку истиот не е изграден согласно градежно техничката документација, посочува Славче Трпески, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

-Рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградените објекти истекува на 31.03.2016 година, па оттаму ги повикуваме сите граѓани и фирми кои имаат целосно или делумно нелегално изградени објекти, без разлика дали истите се наоѓа во урбана или рурална средина, без разлика дали се наоѓа во град, село, планина или друго место, а не поднеле барања за легализација во периодот од март 2011 до септември 2011 година, да поднесат барање за легализација до општината каде што се наоѓа објектот- повикува Трпески.

Заклучно со денешниот ден во катастарот се запишани 147.358 легализирани објекти или по градови. Од нив најмногу се во Скопје, околу 50.000 легализирани дивоградби, потоа во Прилеп над 11.000, Битола 9.000 објекти…
katastar divogradbi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top