| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеникот Изет Зеќири загуби на локалните избори и даде оставка

izet zekiri

Пратеникот на партијата Национална демократска преродба (НДП) Изет Зеќири даде оставка на пратеничката функција. Тој не успеа на локалните избори како кандидат на партијата на Руфи османи за градоначалник на Тетово и поднесе оставка од морални причини.

Во оставката Зеќири пишува дека оставката на пратеничката функција ја дава од етички причини по неуспехот да ја добие градоначалничката функција..

„Сметам дека немам политички легитимитет и кредибилитет да ги претставувам граѓаните на Тетово во Собранието на Македонија“, напиша Зеќири.

Според законските прописи, на негово место ќе дојде наредниот кандидат од листата за пратеници на НДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top