| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот филм „Џган” премиерно во Охрид

Македонскиот филм „Џган” на 4 април премиерно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

„Џган“ е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30.03.2016 во Градското Кино Милениум во Скопје, а потоа ќе го продолжи својот прикажувачки живот низ киносалите ширум Македонија.

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, копродуцент на филмот е „Ред хеликоптер филмс“ од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и СЕЕ Синема нетворк (SEE Cinema network).

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.

Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен“, Вардан Тозија го изработи и сценариото, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и на Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Македонската публика филмот „Џган“, ке може да го гледа секој ден почнувајки од 31.03 во кината во Скопје и низ цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top