| четврток, 6 декември 2018 |

Проблем им се само наводните пцости, СЈО нема замерки за предметот во кој беше осуден Бошковски

Катица Јанева и Фатиме Фетаи денес не можеа да најдат ниту еден аргумент во одбрана на Љубе Бошковски дека тој не се договарал за промена на името со цел на нелегален начин да му биде финансирана политичката кампања. Со ова практично се потврдува дека Бошковски преку пазар за името незаконски ја финансирал кампањата, а дека единствената дилема во овој случај која ја има Специјалното јавно обвинителство е дали кон Бошковски биле упатувани пцовки за време на приведувањето.

Двете обвинителки на денешната прес-конференција која ја одржа Специјалното јавно обвинителство немаа никаква замерка во однос на предметот кој се водеше и за кој Бошковски беше осуден. Напротив и според обвинителките Бошковски е виновен за делото за кое беше пријавен.

Во медиумите се појавија и видео снимки на кои јасно се гледа како Бошковски договара промена на името за што добива финансиски средства наменети за финансирање на политичката кампања.

Погледнете го целиот разговор на Бошкоски тука.

По ова, единствената одбрана која во политичката нарачка денес обвинителките од СЈО успеаја да ја најдат е дека наводно кон Бошковски за време на приведувањето биле употребувани пцовки.

Инаку, според информации од Министерството за внатрешни работи објавени на 7.6.2011 година Бошкоски беше осомничен дека пречекорувајќи ги своите законски овластувања, како претседател на политичката партија Обединети за Македонија, во периодот од април-јуни 2011 во три наврати противправно прибавил парични средства во износ од 130.000 евра заради финансирање на политичка кампања на партијата.

-Од преземените мерки и активности утврдено е дека пријавениот во три наврати и тоа во месец април (10.000 евра), мај (20.000 евра) и на 6.6.2011 (100.000 евра) во Скопје остварил средби на кои ги примил горенаведените парични средтсва за финансирање на активностите и афирмацијата на политичката партија „Обединети за Македонија“. Љ.Б. гипримил паричните средства спротивно на одредбите од Изборниот законик, иако знаел дека примањето на парите не е во согласност со Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик, информираше МВР за акцијата „Кампања“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top