Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер планира закон со кој бегалците би морале да учат германски јазик и да се интегрираат во германското општество.
Во спротивно, тие би загубиле дозвола за траен престој во Германија.
Иницијативата е соопштена откако избирачите ја осудија политиката на канцеларката Ангела Меркел која води политика на „отоврена врата“.
– За тие што ќе одбијат да научат германски, и кои им забрануваат на своите семејства и пријатели да се интегрираат, ќе им биде оневозможено продолжување на дозволата за престој подолг од три години, изјави Мезиер.
Минатата година во Германија влегоа околу милион мигранти, а од почетокот на оваа година – уште 100.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.