| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Џим Харисон, автор на романот „Легендите за есента“

Американскиот писател Џим Харисон, по чијашто книга „Легендите за есента“ беше снимен филм што доби „Оскар“ за најдобра камера, почина во 78. година од животот, потврди неговиот издавач во недела.

Прозаист и поет со речиси 40 книги често ги сместуваше своите приказни во американската дивина, а и самиот беше ловец, рибар и планинар.

Починал во саботата во зимската резиденција на југозападот на американската сојузна држава Аризона.

„Легендите за есента“ беше претворена во 1994 година во филм, чиешто дејство е сместено на селски имот во Монтана, непосредно по избувнувањето на Првата светска војна. Главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Ентони Хопкинс, а покрај нив се и Џулија Ормонд и Ајдан Квин. Режисер на филмот беше Едвард Звик.

Харисон е косценарист на филмот „Одмазда“, чиешто сценарио се базираше на неговата истоимена новела. Во филмот глумат Кевин Костнер и Ентони Квин. Работи и на сценариото за филмот „Волк“ со Џек Николсон од 1994 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top