| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шуто Оризари: Го нападнале и му одзеле 200 евра

На улицата „Нов живот“ во скопската населба Шуто Оризари три непознати лица завчера околу 23 часот извршиле разбојништво над 29-годишниот Е.Р.  од Скопје.

tepacka1-7-

Насилниците го удирале по главата и телото и откако го собориле на земја му одзеле 200 евра, по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top