| четврток, 6 декември 2018 |

Рано е за пензија, Роналдињо ќе ја продолжи кариерата во Кина или во САД

ronaldinjo

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо нема намера да стави крај на својата фантастична кариера. ’Волшебникот со топка’, како што го нарекуваа додека го носеше дресот на Барселона, има две опции и сигурно ќе одбере една за да продолжи и понатаму да игра фудбал.

– Најверојатно Роналдињо ќе игра во САД или во Кина. Не го откривам се уште името на клубот, но се работи за тим од елитно натпреварување – изјави неговиот Роберто Асис, кој е и менаџер на Роналдињо.

36-годишниот фудбалер е без тим откако го напушти Флуминенсе во септември 2015 година. Од Англија пристигна информација дека Лестер е заинтересиран за услугите на Роналдињо, но засега нема ништо поконкретно на тој план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top