Во повеќе градови во Македонија утрово е измерена температура под нулата. УХМР регистрира минус 4 степени во Берово, Лазарополе, Маврово, минус 3 во Крива Паланка, минус 2 во Прилеп, Претор, Битола и Крушево и минус еден во Тетово, Куманово, Охрид и Дебар.
Нула е измерена во Штип, Виница, Струмица, Скопје, Пожар и Пожаране, 1 Ѓуриште до 4 степени во Гевгелија.
Утрово времето во Македонија е сончево, сама на крајниот запад со мала до умерена облачност. Понекаде дува слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата до 15 степени.
Утре ќе има зголемена облачност насекаде, со услови за слаб дожд во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура и со позитивна утринска температура. До крајот на неделата ќе дува не многу изразен, претежно јужен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.