Пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби истекува во четврток.
Со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти се овозможи да се поднесе барање за легализација до 31 овој месец до општините каде што е изграден објектот. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. За новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.
Барања за легализација до четврток ќе може да поднесат и компаниите што имаат инфраструктурни објекти, оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура.
Согласно со законските измени, за до крајот на годинава е пролонгиран рокот за доставување геодетски елаборати за барањата за легализација поднесени во 2011 година. Со тоа, според Министерството за транспорт и врски, би се комплетирала документацијата и општините ќе може да ги решат предметите.
Пролонгирањето на рокот за доставување геодетски елаборат за една година беше направено со цел на граѓаните да им се остави простор да имаат време за достава на елаборатите кои се клучен документ во процесот на легализација, а на геодетските фирми полесно да ја вршат работата бидејќи со претходниот рок немаат доволно време да ги изработат сите поднесени барања.
Сѐ уште трае и можноста за социјално ранливите категории да добијат бесплатни елаборати. Како што информира викендот министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во отчетот за сработеното, досега се изработени 5.300 бесплатни елаборати за социјални ранливи граѓани.Од почетокот на процесот на легализација што почна во 2011 година досега правен статус добија 147.000 нелегално изградени објекти.
Во претходниот рок, од 2 март до 3 септември 2011 година, беа доставени 360.000 барања за легализација на дивогради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Озбилни сте?
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)
-
Истече рокот за комплетирање барања за легализација на дивоградби од 2011 и 2016
-
Oд Даљан до Костозглобна се формира цела нова населба од куќи и повеќекатници кои се градат без ни еден документ