
Оргазмот е едно од најдобрите чувства во светот, но може да биде и еден од најневообичаените моменти во креветот, доколку не внимавате на некои основни правила и реагирате погрешно во моментот кога еден од партнерите свршува.
Најмалку еден во текот на сексот
Во никој случај. Ова важи за сите мажи кои мислат дека е доволно тие да свршат, а за партнерката и не е толку важно. Убаво е и двајцата да свршите, но доколку оргазмот кај едниот изостанал, а вие мислите дека тоа е во ред тогаш имате проблем. Не, најмалку еден туку два оргазми, за секој по еден во текот на сексот.
Оргазмот не најважното
Се разбира дека е круна на сексот, но уште поважно е тоа што нему му претходи. Колку предиграта и самиот чин на секс е подобар, толку и оргазмот ќе биде подобар.
Ништо не е смешно
Различни луѓе го доживуваат оргазмот на различни начини, што значи дека некои ќе бидат тивки, некои погласни, а некои можеби ќе звучат смешно. Ако сте со некој кој свршува на невообичаен начин, немојте да му се смеете, бидејќи тоа може да влијае на неговата самодовербата.
Глумењето е страшно
Не можете да свршите? Не се преправајте дека сте завршиле работа, бидејќи тоа на никој не му помага. Вашето момче ќе мисли дека сè е под контрола, а вие ќе бидете незадоволни. Секако тоа лошо ќе се одрази врз вашиот сексуален живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


