Во крајно неизвесен натпревар, „ученикот“ Раул Гонзалес втора сезона по ред со Вардар беше поуспешен од својот „учител“ Маноло Каденас од Висла Плоцк. Вардар беше подобар во решавачките последни минути и заслужено обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„И честитам на Висла и на Каденас за овој многу добар натпревар што го одигравме денеска. За нас ова беше многу тежок меч. Знаевме дека не очекува тоа во овој дуел. Видовме дека Висла одигра добро и против Кил и против Веспрем на гостински терен и денеска покажаа дека се многу добар тим. Во првото полувреме почнавме добро, но потоа промашивме неколку напади, Коралес одбрани два седмерци и Висла чекор по чекор ја градеше предноста. Ние во овој меч влеговме со голем притисок дека мора да победиме. И горд сум на моите играчи што успеаја во тоа. Игравме со срце и со многу сила. Задоволен сум и горд на мојот тим. Вардар по трет пат игра во четвртфинале од Лигата на шампионите. Во следниот дуел не очекува Веспрем. Ќе се подготвиме да одиграме два добри дуели и во четвртфиналето“ – изјави по натпреварот шпанскиот стратег на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.