Возачот на „панда“ со скопски регистерски таблички кој денеска во 15.20, кај железничката станица Драчево према Зелениково, се судри со возот кој сообраќал Велес – Скопје почина. Возачот на возраст од 64 години се здобил со животно загрозувачки повреди, поради што во Поликлиниката Драчево, единствено што можело да се направи е да се констатира смрт.
Неофицијално неговите внуци биле во возилото, но веројатно излегле.
На местото на настанот направен е увид, а детали за несреќата ќе бидат објавени подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.