Двајца браќа близнаци на возраст од 30 години се жртвите во сообраќајната несреќа што попладнево околу 17 часот се случи во населбата Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Тие беа патници во возило „рено 19“ што директно се судри до автобус на ЈСП број 24.
Една од патничките во автобусот се пожалила на полесни повреди.
Од МВР информираат дека увидот се уште е во тек и засега не може да се каже кое се причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.