Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска попладне во скопската населба Кисела Вода во која возило, возејќи во спротивен правец од автобусот, влетало во лентата по која возел автобус на ЈСП и се случил директен судар во кој возилото е сосем оштетено, a предното стакло на автобусот е скршено.
Несреќата се случила во близина на училиштето „Круме Кепески“ и КАМ маркетот. Во моментов две противпожарни возила се обидуваат да ја разбијат вратата и да ги извлечат луѓето од возилото кое што удри во автобус на ЈСП. Во близина има три екипи на брза помош. За сега нема информации за бројот на повредени или загинати лица.
фото: А1.Он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.