Еден од најмладите британски дневни весници The Independen, во саботата последен пат излезе во печатен формат, откако весникот во сопственоста на британските бизнисмени од руско потекло Александар и неговиот син Евгениј Лебедеви, поради опаѓањето на тиражот се решија изданието да се јавува само во дигитален формат, пишува „Макфакс“
Новинарите на дневникот основан пред помалку од три децении објавија фотографии на социјалните мрежи кои ги прикажуваат редакциите како тупкаат со рацете по десковите што претставува традиционален поздрав при заминување на колега.
Во последниот воведни на The Independent пишува дека ќе остане запаметено неговото „смело преминување“ во 100-отстотен дигитален формат како „пример кој треба да го следат другите весници во светот“.
„Денес се запираат нашите ротациски машини, мастилото е суво и наскоро веќе нема да има истуткана хартија. Но, додека едно поглавје се затвора, друго се отвора и духот The Independent ќе продолжи да се шири“, се вели во воведникот на последното печатено издание.
Утринскиот дневен весник The Independen, познат по тоа што во 2003 година водеше кампања против британската интервенција во Ирак, стана првата „жртва“ на еволуцијата на модерните британски медиуми и нивното преминување на дигитален формат, и поради тоа без работа ќе остана околу 70 новинари. По 26-ти март, весникот ќе биде единствениот во Велика Британија кој ќе се појавува само во електронско издание..
Во последните години дневниот тираж на весник, кој Александар Лебедев го купи во 2010 година за 1 (една фунта), падни и заклучно со јуни 2015 година изнесувал 58.000 примероци, што е помалку за 85 отсто отколку 1990 кога тиражот го достигна врвот, Тиражот на неделното издание во летото 2015 година изнесува 97.000 примероци,
„Весникарската индустрија се менува, и овие промени се диктирани од страна на читателите. Тие ни говорат дека иднината ќе биде дигитална..“, ги коментираше промените Евгениј Лебедев кој кон крајот на февруари го најави крајот напечатеното издание и напиша дека новинарството „целосно се промени“, па така и The Independent „мора исто така да се промени“.
The Independent е основан во октомври 1986 година, е национален дневен весник со најмал тираж во Велика Британија, далеку зад оние на таблоидите The Sun и The Daily Mail, како и на големите дневни весници како Times, Guardian или Daily Telegraph. На врвот во 1989 година дневникот од левиот центар, познат по своите ангажирани насловни страници и важното место коешто ѝ го придаваше на новинарската фотографија, излегуваше во повеќе од 420.000 илјади примероци дневно, додека деновиве не успеваше да продаде повеќе од 40.000 примероци.
Според податоците во британските медиуми, запирањето на печатеното издание може да биде диктирано и од загубите. Според пресметките на The Guardian, загубите на The Independent во 2011 година изнесувале 18 милиони фунти, додека следната 2012-та паднале на 14 милиони фунти.
Откако стана сопственост на Лебедеви, весникот ја смени уредувачката политика и им се обраќаше главно на помладите генерации читатели. Тоа, според процените, се покажало профитабилно, но наскоро ќе биде продадено на сопствениците на регионалниот издавач „Johnston Press“ за 24 милиони фунти.
Првиот број на The Independent е отпечатен во 1986 година а во 2004 година беше награден со признанието „Национален весник на годината“ од асоцијацијата British Press Awards. Сегашниот главен и одговорен уредник Амол Раџан дојде на позицијата во 2013 година, кога имаше само 30 години, што е исклучок во британското новинарство. Неделното издание на весникот последен пат се појави во печатена верзија на 20-ти март годинава.
Второто издание во сопственост на Лебедеви, вечерниот дневен весник The Evening Standard, ќе продолжи да се појавува во печатена форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.