Клучот за разбирање на исламскиот радикализам е Иранската исламска револуција во 1979. година, која станала толкава закана за дотогаш воспоставениот поредок на Блискиот исток, што од најголема важност станале Саудиска Арабија и употребата на исламски радикали во Авганистан поради загрозување на СССР, пишува Катарина Шакдам, истакнат политички аналитичар и коментатор за состојбата во исламските земји.
“Потребата за сопирање на Иран го оживеала стариот демон на исламот, такфиризмот, и довела до низа војни на Блискиот исток. Такфиризам е старо верување кое одненадеж оживеало меѓу исламските екстремисти во Египет, по израелската победа во 1967. година.
Такфиризмот денес е изразен како вехабизам, државна религија во Саудиска Арабија, и тој тврди дека муслиманската заедница е ослабена поради отстапувањето во исповедувањето на исламот.
Сите оние муслимани кои не ја следат неговата пракса се гледаат како неверници, и ги повикуваат своите приврзаници да ги напуштат постоечките муслимански општества, се населуваат во изолирани заедници и се борат против сите неверници.
Многу влади пронашле интерес во поддржувањето на такфиризмот, кои во него виделе ново моќно оружје за асиметрична војна.
Уште во 1998. година, кога француски Nouvel observateur го запрашал Збигњев Бжежински дали жали што авганистанските бунтовници на крајот се претвориле во талибани од кои настанала Ал Каеда, тој возвратил: “За што да жалам? Таа тајна операција беше одлична идеја и предизвика фаќање на Русите во авганистанска мамка. И вие сакате да жалам за тоа? Што е поважно во светската историја? Талибаните или колапсот на советската империја? Малку нервозни муслимани или ослободување на централна Европа и крај на Студената војна?”
Вистинското лице на тероризмот на е исламот, туку такфиризмот – кој се користел против Советскиот сојуз за да се изолира шиитски Иран.
Но, да се вратиме во Брисел…
Додека меинстрим медиумите прават спектакл од трагедијата, создавајќи омраза и нетрпеливост за да се избегне одговорот на вистинските прашања кои би ја оспориле официјалната приказната, треба да се вратиме чекор назад и да ги погледнеме бриселските напади во рамките на глобалната политичка перспектива.
Што ќе постигнат тие напади? Иако терористите за себе тврдат дека исполнуваат верска цел, нивните вистински амбиции секогаш биле политички или територијални.
Сега да се потсетиме дека Белгија не можеле тукутака да биде загрозена од радикалниот ислам, туку за тоа морале да постојат предуслови. Како се случило тоа? Ова е една од теориите кои ја изнел британски Independent: “Постојат многу причини за тоа зошто Белгија станала легло на радикалниот исламизам. Некои од одговорите можеби лежат во праќањето на саудиски салафистички проповедници во земјата во текот на 60-тите години од минатиот век”.
Во желба да обезбеди договори за нафта, белгискиот крал Бадуин на саудискиот крал Фејсал, кој го посетил Брисел во 1967. година, му понудил Белгија да изгради џамија во главниот град, и да вработи проповедници кои се образовани во земјите од Голфскиот залив.
Во тоа време, Белгија ги охрабрувала мароканските и белгиските работници да доаѓаат во земјата како евтина работна сила. Според договорот помеѓу двата крала, новата џамија би била главно место за богослужба.
Тоа било Тројански коњ…за да ги прикрие своите сосема капиталистички амбиции, Белгија овозможила радикалните вехабии да се вовлечат во нејзиното општество, и на тој начин да почнат да ја репрограмираат растечката муслиманска заедница. Доселувањето на муслиманите не било заканата, туку вехабистичката радикализација која белгиските службеници ја толерирале во замена за вредни договори и енергетска безбедност.
Еве што рекол за тоа белгискиот политичар Жорж Далмањ, пратени од опозоциската партија на десниот центар “CDH”: “Сакаме да мислиме дека Саудиска Арабија е наш сојузник и пријател, но Саудијците отсекогаш биле дволични: тие сакаат сојуз со Западот кога станува збор за борбата со шиитите во Иран, но сепак имаат освојувачки планови за остатокот од светот кога станува збор за нивната религија”.
Тој додал: “Не можеме да имаме дијалог со земји кои сакаат да не дестабилизираат. Проблемот е во тоа што за тоа властите неодамна ги отворија очите.”
Доколку Белгија се буди и сфати кој е нејзиниот вистински непријател пред домашниот праг, таа и натаму треба да се соочува со ширината и длабочината на нејзините врски со богатата Саудиска Арабија.
За почетокот Белгија би морала да пронајде нов партнер во својата потрага по безбедно снабдување со нафта. Што е уште поважно, тој нов партнер ќе мора да го отфрли вехабизмот. Можеби новиот и природен извор е Иран”, заклучува Катарина Шакдам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.