Српскиот актер Маринко Мадџгаљ почина денеска по долга и тешка болест на 37 години.
Роден е 1978 година во Белград, но израснал во Котор. Популарнсота ја стекна во телевизиската серија „Црни Груја“, но и со групата „Фламингоси“ во која беа заедно со Огнен Амиџиќ.Работеше и како телевизиски водител, но театарскиот ангажман во претставите „Хасанагиница“, „Сине“, „Молиер“, на почетокот на кариерата му донесе голема популарност, така што голем дел од публиката постојано доаѓаше повторно да ги гледа само поради овој млад и популарен актер. Беше оженет со актерката Дубравка Мијатовиќ со која има ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.