Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во овие моменти одржува прес конференција за синоќешната полициска акција одржана во Скопско – Кумановскиот регион, објави 24 вести. И додека се чекаат официјални информации, според неофицијални информации се говори дека синоќешната полициска акција била изведена против криумчари на северната граница, која поради бегалската криза е прогласена за кризно подрачје. Полицијата меѓу која и специјалните единции спровела неколку акции и контроли на потегот Арачиново – Никуштак каде е пронајден камиони со мигранти кои се вратени во Гевгелија, а приведени се криумчарите од Арачиново, Сарај и Отља.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.